Tavce Gravce

Тавче-гравче
Тавче гравче е традиционален македонски специјалитет. Се подготвува од свеж македонски грав и може да се најде скоро во сите македонски ресторани. Се сервира во стари македонски земјени чинии.
Состојки
Во прилог се прикажани основните состојки и начин на приготвување, но секоја кујна користи и други додатоци кон овие состојки како и свој оригинален начин на приготвување:
 грав
 кромид
 масло
 Сува црвена пиперка (може и повеќе)
 црвен и црн бибер,сол,и магдонос
Начин на приготвување
Гравот прво добро се чисти, се потопува да лежи во ладна вода најмалку три часа (по традиција се остава преку ноќ) за да омекни, потоа се мие и се вари во лонец. По првото вриење водата се истура (бидејќи создава гасови), па се става нова вода. Во втората вода се додаваме дел од кромидот и црниот биберот а може и неколку парчиња ловоров лист. Посебно во тавче запржуваме кромид заедно со црвен бибер. Сувата пиперка можеме да ја запржиме заедно со кромидот а може и посебно. После 90-тина минути колку што му се потребни на гравот да се свари му го додаваме запржениот кромид и пиперката и добро промешуваме. Потоа содржината се става во земјен сад и се пече на температура околу 220 степени сè додека не запече одозгора. Во варењето треба да се внимава да нема ниту премногу вода да нема ниту премалку. А при печењето да се внимава да не биде премногу сув.
Земјената тава покрај што му дава препознатлив традиционален изглед на јадењето ја чува топлината со часови.
Освен сам тавче гравчето често се подготвува во комбинација со некои јадења од месо како плескавици, сланина, суво месо, ребра и слично.
Треба да се внимава на количината која ќе се изеде бидејќи гравот спаѓа во покалоричните јадења и содржи околу 350 калории во 100 грама на чист грав.
Во нашето поднебје се произведува на повеќе места но посебно е познат и прочуен тетовскиот грав.

Тавче гравче


Потребни состојки:

- 500 гр. Македонски грав,
- кромид,
- 1 чешне лук,
- црвен пипер,
- масло,
- сол,
- бибер,
- свеж магдонос,
- нане,
- ловоров лист,
- 2-3 лути пиперки везенки.

Начин на приготвување:

Најпрвин го чистиме и миеме гравот а потоа го ставаме во тенџере со вода да отстои преку ноќ за подобро да омекне. Откако гравот отстојал ја истураме водата и налеваме нова, и го ставаме да се вари на помала температура. Откако ќе зоврие првата вода ја истураме го миеме и повторно налеваме вода и додаваме бибер и ловоров лист. Додека се вари треба да внимаваме на количината на водата во тенџерото не смее да биде ниту премногу ниту премалку. Откако гравот ќе се свари ги додаваме и везенките малку да омекнат во варењето.

Во тавче на рингла ситно го сечкаме кромидот и додаваме масло да се пропржи откако ќе се пропржо го додаваме и лукчето ситно исечкано и црвен пипер.

Гравот го истураме во една земјина тава и во неа ја додаваме приготвената запршка, додаваме сол и промешуваме. Вака приготвено го ставаме во фурна малку да се потпечи и да фати кора. Откако ќе се потпечи го вадиме од фурната го наросуваме со сушено нане и украсуваме со по една китка свежо нане и свеж магдонос.

Начин на послужување:

Специјалитетот тавче гравче се служи топол, а може да се послужи и во комбинација со колбаси, сланина и ребра.

Добар апетит!

(via Cane Nikoloski)

Unless otherwise stated, the content of this page is licensed under Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 License